Здраво здраво мили фонту… па, ка ци бе па ти?…
И така, додека ги подмачкувам со WD40 запечените типки од тастатурата на која немам спуштено прст одАмна, и тестирам да ли добро работат притискајќи на неколку копчиња-букви У – К – Р, по секоја можна варијација распоред, се смиСлам да напишам егизтенцијален текст кој ќе има длабоко филозофски созерцувања. Да се заебоигрувам со цитати и латинизми и да звучам, па да речеме учено-надамено како Фрчковски, бидеејќи не можам да ја достигнам дури и да сакам, вулгарноста на Трчковски, Аналниот, Неџо, Тамбурџански и слични окоти кои се изнедрија само заради едно – бесрамното партиско фелацио кое еве го гледаме на крај до кај ги доведе.
Ја пуштив машината на брзо перење, некои си 15-20 минути и штом заврши – толку од локумнава… а, темата… дечки тема ВИ ТРЕБА? Стварно бе, билмези, ви треба некој нешто да напише на тема за да можете да тинкате со најбитниот сексуален орган од каде доаѓаат сите задоволства, ремек дела и оргазми – мозокот!?!? Или уште не ви е јасно кој е орган?
Зошто мозок – НЕ?
Вие имате свој, зошто го фрливте? Ај да ве разберам се налапавте пари и живеете како грофови, вака не дај боже да застанеш до некој во автобус и да крене рака пред тебе да се фати за рачаката – корне на кромид и лој важа трета недела запачен – бидеејќи пари за дезодоранс е луксуз!!! И зборам сега за зима, преку капут. Често пати гледаме побуни низ светов и нормално револуцинирените брадато-дебели-дебили одма хуштаа народ добивааат 200 лајка и протести нема. Толку ви кажува ова, све капрофази и нивната публика немаат ниту намера да застанат за БУНА ЗА ПРАВА, ТУКУ ГЛЕДААТ ДА НАХУШКААТ НЕКОГО ЗА ДА ПОСЛЕ ТРИ НЕДЕЛИ ГО ПЉУКААТ ИСТИОТ, ОТИ ИМАЛО МАЛА ИЗЛЕЗЕНОСТ.
Македонија и револуција – ма дај не ме Кили
Сериозно, во свет се бунтува секогаш писмен и народ од средна класа. Ако е економска мерка и ги загрозува рипаат до небо, оти таа мала разлика класно може да ги спушти од средната во долна, а таму дното е многу тешко, најтешко. Дното овде се доживува како Дојранско езеро, уживаме да се цапаме у кал, муљ, тиња, се мачкаме со истото и убедуваме цела планета дека тоа е добро и ние среќни. Затоа знајте, во две земји нема да има револуција Британија и Македонија, едните се викторијанско со векови воспитувани со стап и ќотек, но имаат доживотно добри услови, ние кои сме на дното ама не ни се мрда од оваа ситуација освен ако може нешто да позајмиме, а не вратиме, смуваме, изгребеме, чепнеме и секако ракијата наша златна, еликсирот кој ни ја затапува секоја револуционерна ем сексуална мисла и потреба. Не се прави држава со ненајден и ненаебан народ кој компезнира сФе со ракија.
Туку за темите на локумијадава? Стварно, теми ви требаат?
Пожари, сообраќајки, инфлација, криминал, корупција, политичка проституција, затворски терор и изживување, корумпирано судство… !?!? Да набројувам? Не, добри сме, арни сме, какви сме и предобро ни е.
Пост изборно
Жалам ште ве преебавам и во еуфоријата и во тезата дека народот одлучил и го поразил СДСМ на овие избори… не дечки, имаа ист број на гласови, неопределените и гласачите на СДСМ апстинираа, бојкотираа и ги одјебаа. Но, каде е сега шансата на ВМРО-вците? Арно некој го заебаваше Мицковски дека станал заменик градоначалник на сите општини каде победиле – но, тука е епицентарот на нивната борба и покажува дека главата знае што прави – САМО СО ЛИЧЕН ПРИМЕР сега е шансата, да направат невозможни работи во општините, да ги одјебат сите гребатори за партиски вработувања – ама јавно да ги исшиканираат, оти пола члекнство и за тоа ги гласа- не овојпат, факоф! Правење работи кои се на работ на невозможното, чистење, садење, асфалтирање, како да е 1945! Сега е нивната главна парламентарна кампања, не Пи-Ар туку реално на терен! Така народ се предомислува и уверува – не со пресови кој никој више не ги слуша!
Во меѓувреме, дишете го длабоко овој пеплосан воздух кој корне од горење и пожари, дишете длабоко додека не ви влезе во хипофизата со надеж дека барем несвесно ќе се придвижите да направите нешто за конечна трајна промена во ова општество.
Туку за темите … сори, испра машината … одам да пружам…
Автор: Јанко Илковски за НетПрес