Чепрeганов: Бројката на новоинфицирани дополнително ќе расте

Дваесет проценти од граѓаните воопшто е почитуваат мерки, ание останатите сме заложници на таа ситуација. Значи откога почнале дружењата, непочитување на мерките отприлика сега завршува инкубација, а тоа значи само едно бројката на новозаболени дополнутелно ќе расте, рече доктор Методи Чепрeганов на гостувањето на телевизија 24.

Според него други земји се откажале од многу настани, но не и ние.

„Кога можеше Ердоган да ја затвори Турција, кога во Русија не се славеше 9-ти Мај, Денот на победа над фашизмот, овде се работи за една објективна животозагрозувачка состојба и затоа мора да се постапува онака како што треба“, посочи Чепрeганов.

Предупреди дека секое здружување во групи во овој период носи опасност.

„А што се случува кај нас никој не носи ниту маска, ниту држат дистанца. Но, за човек да се однесува одговорно треба да е созреан. Тука има деструктивно однесување кај дел од луѓето“, додаде докторот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.