Чепреганов: Колективната меморија е поврзана со Илинденското востание

И во четвртокот не стивнуваат реакциите на јавноста, и особено од ескпертската заедница на изјавите на премиерот Зоран Заев дадени во текот на неговата дводневна посета на Бугарија, во врска со некои аспекти од историата, па така универзитетскиот професор Тодор Чепреганов во вчерашното гостување во емисијата „Анализа“, остро се спротистави на дел од договорот за добрососедство треба да го потпишат двете земји, Македонија и Бугарија.

На вчерашната емисија каде што гостин беше и професорот Љубомир Фрчкоски, Чепреганов ги изнесе своите историски факти и докази за кои тој смета дека се спорни и не треба македонската страна да потклекне при разговорите за потпишување на договорот.

Чепреганов истакна дека досега имало неколку иницијативи за договор за заедничко чествување на историски датуми со бугарската страна, но тие не биле успешни. Еден таков обид имало во 2006 гпдина, каде што по реакциите на јавноста беше веднаш прекината, друга во 2013 година кога бугарските историчари при посета на МАНУ и разгледувањето за соработка на ова ниво, се откажале бидејќи тие ја признавале македонската нација и држава само од 1944 година.

Професорот, исто така, се осврна и на посетата на премиерот Заев во Бугарија и разговорите со Борисов. Тој ги цитираше Зоран Заев и Бојко Борисов на нивната заедничка изјава во однос, каде што македонскиот премиер изјави дека Македонија и Бугарија дел од историјата им е заедничка, додека бугарскиот премиер истакна дека можеме да зборуваме за самостојна Македонија само од 1991 година и за нејзината историја.

Историчарот Чепреганов, исто така, се осврна и на бугарскиот историчар Божидар Димитров и неговите изјави, во кои Димитров говори за ребугаризација на Македонија и дека со овие разговори меѓу Заев и Борисов претставува крај на македонизмот и дека децата во Македонија ќе учат бугарска историја .

„Дали е дојдено време заедно да ги чествуваме некои заеднички празници, како ќе се определат тие историски празници, затоа што политичарите ја користат историјата во одредени моменти, но дали може тоа историски да се избалансира, што да биде за чествување, заради тоа што Илинден е македонски празник, Илинден живее во меморијата на македонскиот народ, Илинден е празник во кој и во Бугарија во 20-тите години на 20-от век го славеше македонската емиграција, Бугарите не го чувствуваат овој празник за свој и сакаат да го поврзат со Илинденско-преображенско востание и да се чествува заедно тој празник, меѓутоа историјата ни зборува сосема друго, дека колективната меморија на Македонецот е поврзана со Илинденското востание“, истакна Чепреганов.

И покрај политичкиот договор, историчарите се осврнуваат и на македонското малцинство во Бугарија, каде што од тамошните власти не е признато, исто така, и непризнавањето на македонската нација и македонскиот јазик, и секако македонската култура, со што со ваквиот договор бугарските историчари, но и власти зборуваат за ребугароизација на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.