Чептегеи го собори 16 години стариот светски рекорд на 5.000 метри

Угандскиот атлетичар Џошуа Кипруи Чептегеи постви во петокот нов светски рекорд на 5.000 метри на митингот од атлетксата Дијамантска лига во Монте Карло, откако досегашениот најдобар резултат во оваа дисциплина кој пред 16 години го постави етиопскиот тркач Кениса Бекеле го надмина за речиси две секунди.

Чептегеи во Монте Карло петте илјади метри ги истрча за 12:35.36 минути, што е за 1.99 секунди побрзо од резултатот го оствари уште на 31-ви мај 2004 година во Хенгелу.

Младиот 23-годишен Угандиец, кој е актуелен светски првак на 10.000 метри, беше во фантастична форма и пред пандемијата од коронавирусот, бидејќи постави најдобри светски времиња на 5 и на 10 километри на асфалтни трки.