Червар: Уште не е готово

Тренерот на Металург, Лино Червар, по победата над Вардар (30:21) истакна дека е пресреќен од играта на своите избраници, но и дека треба да се добијат уште четири натпревари за да се освои титулата.

„Уште не е готово! Титулата е тука, но треба да добиеме уште четири натпревари за сигурно да ја освоиме. Мораме да бидеме внимателни до крајот. Одигравме најдобро кога беше најважно. Им честитам на моите играчи за максимално дисциплинираната игра, ги исполнија сите поставени задачи и со право славеа Беа подобри од противникот во сите елементи на ракометната игра. Се гордеам со нив,“изјави Червар.

Металург е лидер на табелата со 15 бода од шест одиграни натпревари, му преостануваат уште два меча со Пелистер, и по еден со Металург Јуниор и со Зомимак-М во Автокоманда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.