Чешка донира 13 возила на МВР за Одделот за организиран и сериозен криминал

Одделот за организиран и сериозен криминал доби нови возила кои се донација од Република Чешка.

Заменик министерот за внатрешни работи на Република Чешка Јиржи Новачек ја врачи донацијата, кои треба да помогнат за подобри резултати на оваа организациска единица. Овие возила се набавени по пат на спроведување на постапка за јавна набавка на возила, а со наменски добиени средства со донација од страна на Република Чешка, при што се набавени неколку видови на возила за потребните на разни служби во Министерството.

-За Одделот за организиран и сериозен криминал се набавени осум возила „шкода октавија“ (дизел) и пет возила „шкода скала“ (бензин), сите со Еуро 6 мотор со јачина од 115 коњски сили и потрошувачка помалку од 4 литри гориво на 100 километри, опремени со високо ниво на додатна опрема, што гарантира високо ниво на безбедност на службениците кои ќе ги користат на разни задачи – се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Делегацијата на Министерството за внатрешни работи на Република Чешка, предводена од заменик министерот за внатрешни работи Јиржи Новачек, од вчера е во посета на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.