Чешка ги враќа проверките на границата со Словачка

Чешката влада објави дека привремено ќе ја обнови контролата на границата со Словачка, поради засилените нелегални миграции, потврди министерството за внатрешни работи.

Оваа година границата незаконски ја минал 1.200 отсто повеќе луѓе, главно од Сирија, изјави на конференција за новинарите министерот за внатрешни работи Вит Ракусан.

„Тоа што го гледаме оваа година сѐ уште не сме имале можност да го видиме. Од почетокот на 2022 година полицијата претвори 11.000 илегални мигранти. Станува збор за транзитни миграции, големо мнозинство од тие луѓе сакаат во Германија. Тоа предизвика нервоза и на германската страна на границата“, додаде чешкиот министер.

Проверките ќе започнат во четврток и во првата фаза ќе траат десет дена, појасни Ракусан, додавајќи дека соседните земји се известени за одлуката. И Чешка и нејзините соседни земји се членки од шенгенската зона.

Се проценува дека во Чешка се засолнети околу 300.000 воени бегалци со Украина, кои не се вклучени во податоците за нелегалните миграции.