Чешка ги заострува рестрикциите поради коронавирусот од 27-ми декември

Чешката влада во средата донесе одлука за воведување на максималното петто ниво на епидемиолошката опасност поради коронавирусот, кое вклучува забрана на напуштање на домовите без итна потреба, затворање на дуќаните кои даваат лични услуги и повеќето продавници, кое ќе стапи на сила од 27-ми декември.

Министерто за здравсто Јан Блатни за новинарите изјави дека од споменатиот датум во Чешка ќе биде воведена забраната за слободно движење на населението од 21 часот вечерта до 5 часот утрото следниот ден.

„Епидемиолошката состојба во земјата се влошува. Поради тоа, владата одлучи да го прогласи петтото ниво на епидемиолошката закана од 27-ми декември“, рече Блатни.

Преминувањето на највисокото ниво од епидемиолошка опасност, значи дека ќе работата само продавниците кои продаваат основни продукти. Таа категорија ги опфаќа продавнциите за храна, аптеките и продавниците за производи за домаќинството. Собирите на отворени простори или на јавни места се ограничуваат на две лица, а бројот на присустните на свадби, погреби и богослужби е ограничен на 15 лица.

Овие рестриктивни мерки ќе бидат на сила најмалку до 10-ти јануари, додаде министерот Блатни. Притоа додаде дека властите имаат намера целосно да ја надоместата штетата којашто ќе ја претрпат претприемачите кои ќе бидат принудени да ги прекинат своите деловни активности во периодот кога земјата ќе биде во највисокот ниво на епидемиолошка опасност.

Блатни, исто така, информираше дека од средата чешките власти одобриле враќање на чешки државјани со летови од Велика Британија, каде што се шири новиот мутиран сој на коронаирусот. Од лицата кои ќе се вратат од ова подрачје се бара да презентираат негативен тест на коронавирсот пред летот а по преистигнувањето во Чешка извесно време да минат во најмалку десетдневна изолација.

Од 4-ти јануари, по заршувањето на новогодишните и божикните распусти, учењето на универзитетите и училиштата во Чешка ќе мине на настава на далечина. Само учениците во прво и второ одделени во основното образование ќе се вратат во училишните клупи.

Блатни потврди и дека првата квота вакцини против коранавирусот, која се состои од 9.750 дози, во Чешка ќе пристигне на 26-ти декември, а вакцинацијата во земјата ќе започне следнито ден, кога и во целата Европска унија. Првите вакцинирања ќе бидат спроведени во неколку болници во главниот град во Прака и во Брно, на југоистокот од земјата.

Од почетокот на епидемијата на 1-ви март кога е регистриран првиот случај, во Чешка која има 10,71 милиони жители, со коронавирусот вкупно се заразил 646.312 лица, а починале 10.664 луѓе.

Во Чешка, којашто беше меѓу првите во Европа која воведе ограничувања во движењета и затворање на границите на полетокот од првиот бран и важеа од 12-ти март до 17-ти мај, од 5-ти октомври беа обновени рестриктивните мерки. Овојпат тие ќе бидат на сила многу подолго, до 22-ри јанунари.

Од 18-ти декември во земјата се затвореми музеите, уметичките глаерии, фитнес центрите, затоверени се стадионите и спортските сали, како и рестораните и другите угостителски локали на кои сега им е дозволено само да продаваат храна за носење, кое се предава шалтерски преку специјални отвори.

На сила е задолжително е носењето маски на отворени простори, на кои е забранета и консумирањето алкохол. За прекршителите кои ќе ги евидентира полицијата се предвидени високи казни, за физичките лица 50.000 чешки круни, или 1.900 евра, а за правните лица 3 милиона круна, околу 115.000 евра.