Чешка го откажа отворањето на дуќаните поради растот на бројот на коронаинфекциите

Чешката влада во петокот се откажа од плановите од следната седмица да ги отвори продавниците кои не продаваат основни продукти, бидејќи поради растот на бројот на новозаразените со коронавирусот болниците и натаму се под притисок, објави на Twitter минситерот за стопанство Карел Хавличек.

„Ситуацијата со пандемијата не е добра, британскиот сој се шири и натаму. Тоа е причина поради којашто се решивме засега да не се отвораат затворените продавници“, додаде Хавличек и истакнува дека владата за отворањето ќе дискутира повторно следната седмица.

Чешка, која има 10,7 милиони жители, во моментов ја има највисоката стапка и пријави 968 нови коронаинфекции на 100.000 луѓе во две седмици, според процените на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC).

Малцинската влада на премиерот Андреј Бабиш се соочи со критиките од опозицијата и групи граѓани за наводно хаотичен и непостојан пристап во пандемијата, но и со се посилните барања за ублажување на рестриктивните мерки.

Владата планираше од понеделник да ги отвори продавниците. Планирано е и делумно отворање на училиштата за децата да може да се вратат во училниците во март.

Меѓутоа, чешкиот болнички систем изминатите седмици е со преоптоварени капацитети. Од петокот наутро во целата земја биле достапни 14 отсто од креветските капацитети на одделите за интензивна нега, вклучително и 149 места за пациенти со коронавирус. Во тешка состојба се 1.258 пациенти со Covid-19, што е повеќе отколку во пикот на епидемијата во ноември.

Министерот за здравст во Јан Блатни изјави во средата дека чешките болници за две до три седмици би можело да бидат преплавени со заразени со коронавирусот, поради рапидното ширење на британскиот сој, и објави најстрого предупредување досега.