Чешка купува од САД 12 воени хеликоптери

Чешкиот министер за одбрана Лубомир Метнар денеска изјави дека Владата има намера до крајот на годината да потпише договор со американската администрација за купување 12 воени хеликоптери.

– Договорот е вреден 631 милиони американски долари, рече Метнар, дополнувајќи дека тој опфаќа опрема, муниција, резервни делови, како и обука.

Хеликоптерите треба да бидат доставени на Чешка во 2023 година, по што ќе бидат заменети застарените Ми-24, од советско производство.