9.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Чешка протера 18 руски дипломати поради експлозии од 2014 година

Чешка протера 18 дипломати од руската амбасада поради експлозии во магацин за муниција во 2014 година, соопшти чешкиот премиер Андреј Бабиш.

„Чешка е суверена држава и мора да одговори на овие откритија без преседан на соодветен начин“, изјави премиерот Бабиш, а Москва одговори брзо.

„Прага е свесна што се случува по вакви трикови“, изјави портпаролката руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Експлозиите се случија во магацин за муниција во Врбетице, 110 километри источно од Прага, во октомври и декември 2014 година… Двајца загинаа во експлозиите и имаше значителна материјална штета.