Чешка забележа над 8.500 новозаразени

Во Чешка новиот коронавирус забрзабано се шири и во саботата се пријавени 8.618 нови случаи на заразата.

Станува збор за четврти ден по ред на рекордни показатели, со пораст од околу 3.300 новозаразени во споредна со ден претходно.

Поради рапидниот раст на новозаразените, од понеделникот сите театри, кино-сали, музеи, галерии и спортски содржини ќе бидат затворени следните две седмици за да се запре ширењето на заразите.

Владата на премиерот Андреј Бабиш не исклучува воведување целосен карантин, иако претседателот Милош Земан во саботата во интервју за медиумите рече дека земјата не може да поднесе уште едно економско гаснење.

Во Чешка, која има 10,7 милиони жители и која беше една од првите европски земји кои воведоа ограничувачки мерки и затворање на границите, од почетокот на епидемијата вкупно се заразиле 109.374 лица, од кои досега оздравеле 53.173 пациенти, а потврдени се 905 смртни исходи како последици од компликации предизвикани од Covid-19.