Чешката црква ја призна МПЦ-ОА како „Православната црква на Северна Македонија“

Светиот синод на православната Црква на Чешката Репубика и Словачка одлучи да ја признае автокефалноста на „Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс“.

Во објавата на Синодот се вели дека „биле информирани за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј за обновувањето на евхаристичката заедница со епархиите на Северна Македонија, како и за писмата на српскиот патријарх Порфирије за реинтеграција на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на Православната црква на Србија и за давање автокефалност на Православната црква во Северна Македонија со Томосот на 20 мај 2022 година“.

Претходно на сличен начин и Романската православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА.