Чешката полиција обвини 20 лица за местење натпревари

Чешката полиција обвини во петокот дваесет лица за местење натпревари и во рамките на истрагата за корупција изврши претрес во фудбалската федерација на земјата.

По истрага се 20 лица, од кои 16 се товарат за примање мито, три за двање, а едно и за двете дела, дознаваат медиумите од службени извори. Во притвор се задржани 19 лица, а наводно се истражуваат местење на резултатите на натпреварите во третата лига.

„Полицијата покрене кривична потега против 20 лица денеска, а во врска со организираната криминална група која е активна во местењето натпревари“, изјави обвинителката Ленка Брадацова.

Портпаролот Чешката фудбалска федерација, Михаел Јурман, ја потврди веста за претресите.

Осомничени се „припадници на чешката фудбалска заедница“, а рациите се спроведени нанеколку локации во Чешка, но поединостите не се познат. Според чешките медиуми упасен е потпретседателот на националната фудбалска федерација Роман Бербр, но тоа не е потврдено.