Чешкиот премиер подготвен за дискусија со претседателот Земан за повлекување на признавањето на Косово

Чешкиот премиер Андреј Бабиш (д) и претседателот Милош Земан

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави во средата вечерта дека е подготвен да дискутира со шефот на државата Милош Земан и другите високи чешки функционери на тема можно повлекување на признавањето на еднострано прогласената независноста на пораншената јужна српска покраина Косово во 2008 година.

Во вторникот вечерта по пристугнувањето во официјална посета на Белград, чешкиот претседател Милош Земан во разговорот со српскиот колега по должност Александар Вучиќ му изјави дека повеќе му се допаѓа Србија отколку Косово, кое не го смета за демократска држава бидејќи ја водат „воени злосторници“. Тоа предизвика коментари од страна на чешки функционери, откако официјална Приштина се откажа од учеството во четврток на прашкиот самит на земјите од Вишеградската група со владите од земјите од западен Балкан. Но во средата на прес-конференцијата во Белград чешкиот челник го повтори својот став.

„Дозволете ми да го исажам личното, но со тоа и посилно изразено мислење, дека држава предводена од воени злосторници не припаѓа на заедницата демократски држави“, рече Земан.

Запрашан дали Србија може да очекува дека некоја земја од ЕУ или Чешка во наредниот перод сепак да размисли и да го ревидира својот став за независноста на Косово, Земан изјави дека тој не е диктатор и не може да го наметне својот став, но дека она што може да го стори е за еден месец на советувањето со уставните власти во Прага да го постави прашањето дали е можно да се повлече признавањето.

„Ќе прашам дали е можно да се направи ова, затоа што министерот за одбрана (Лубомир) Метнар веќе изјави дека признавањето на Косово било грешка. Поради тоа, г-дин Метнар, најверојатно ќе биде на мојата страна по ова прашање. Кој ќе биде на другата страна, ќе видиме по еден месец“, рече во Белград чешкиот претседател.

„Би претпочитал дебата на оваа тема на средбата за нашата надворешна политика, одноносно на состанокот со претседателот, челниците на двата дома на парламентот, премиерот и шефовите на министерствата за надворешни и за внатрешни работи. Ставовите на некои нод нив не со совпаѓаат. Ќе ја чекам дискусијата, а потоа ќе заземам став во однос на тоа“, изјави за новинарите чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Од своја страна првиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Јан Хамачек во средата вечерта ги потсети новинарите дека надворешната политика на земјата е одговорност на владата.

„Позицијата на претседателот (Земан) во однос на Косово е одамна позната. Но сите натамошни чекори се наоѓаат во надлежност на владата“, рече Хамачек.

Министерот за надворешни работи, Томаш. Петричек, пак, изјави дека воопшто не гледа повод за дискусија на оваа тема.

„Во моментов не гледам причина за такви дискусии, бидејќи ситуацијата на Балканот не драматично променета, но со задоволство ќе разговарам со претседателот за неговите ставови“, рече шефот на чешката дипломатија.