Чешкиот претседател одби да го именува новиот шеф на дипломатијата

Чешкиот претседател Милош Земан изјави во петокот дека одбил да го именува министерот за надворешни работи во новата влада Јан Липавски поради резервите на кандидатот кон Израел и соработката со другите членки во централноевропскиот сојуз.

Земан во соопштението за јавноста наведува дека е подготвен да го именува остатокот од владата, но одбивањето го подготвува теренот за правната битка со новиот премиер Петр Фиала, лидерот на десно центристичките Граѓански демократи.

Фиала ја поддржа кандидатурата за министер за надворешни работи на Липавски од либералната Пиратска партија, која е дел од владејачката коалиција по изборите на почетокот од октомври.

Земан, кој не е шеф на извршната власт но може да извршува притисоци врз владата, изјави дека Липавски нема квалификации. Истакна дека го отфрла неговиот „дистанциран“ став кон Израел и централноевропската Вишеградска група во којашто покрај Чешка се и Полска, Словачка и Унгарија,, а кои се во судир со бироратите во Брисел поради миграциските прашања, владеење на правото, како и за надреденоста на правото на ЕУ врз нациоалните права.

Чешка имаше силни врски со Израел во минатото и коалицијата на Фиале се обврза дека ќе ја следи таа насока.

Липавски во февраури потпиша писмо заедно со повеќе од 400 други европратеници во знак на протест против изградбата на новите доселечнички израелски населби на Западниот брег, кој меѓународната заедница го смета за окупираната палестинска територија.

Липавски, исто така, истапи против преселувањето на чешката амбасада од Тел Авив во Ерусалим, што беше една од целите на Земан за да ја приближи Чешка до САД по одлуката на поранешниот американски претседателот Доналд Трамп, која беше критикувана од дел од ЕУ. Чешка досега отвореја дипломатска канцеларија во Еруслаим.

Пиратската партија ја критикуваше Унгарија, чешкиот партнер во Вишеградската група нарекувајќи ја земја со „авторитарни тенденции“. Исто така, го криткуваа Земан за неговата отворена наклонетост кон Кина и Русија. Но Земан, се разбира, тоа не го споменува во објавата.

Спроед уставот на Чешката Република, претседателот ги потврдува министрите кои ги именува премиерот. Фиала реагираше дека случајот ќе го изнесе пред судот.

„Неопходно е Уставниот суд еднаш засекогаш да го реши прашањето на овластувањето при именувањата на новите членови на владата“, обајви на Twitter Фиала додавајќи дека својот следен потег ќе го објави во понедленик.
Се очекуваше дека новиот кабинет на Фиала ќе биде именуван пред католички Божик, но сега поради овој спор не се знае дали тоа и ќе се оствари.