Чешкиот претседател Земан повика на задолжително вакцинирање против Covid-19

Чешкиот претседател Милош Земан се зазема за задолжително вакцинирање против коронавирусната болест Covid-19 во текот на неговото традиционално божикно обраќање до сонародниците.

Земан посочи дека во почетокот бил скептичен во врска со таквата идеја, но дека се продомислил поради повторените бранови на коронаинфекциите. Изјави дека на крајот го поттикнала соседна Австрија, која го прогласи вакцинирањето задолжително од февруари 2022 година.

„Убеден сум дека тоа е најлесниот начин за сузбивање на пандемијата. Веќе имаме задолжителни вакцинација против цела низа други болести. Нема причина да не им го додадеме и коронавирусот. Таков радикален чекор е подобар отколку само да се набљудува како фазите на ублажување (на мерките) се изменуваат со новите бранови на заразата ширум Европа“, порача Земан.

Чешкиот претседател коментираше и на други теми, критикувајќи ги климатските активисти, како што тоа го правеше и во минатото, поради, како што наведе, претворањето на „разумните еколошки цели во некој вид религија“.

Земан ја пофали работата на претходната чешка влада, која ја водеше неговиот политички сојузник поранешниот премиер Андреј Бабиш, а која го загуби мнозинството во парламентот на изборите на почетокот од октомври. Истовремено ѝ наложи на новата владејачка коалиција, која свечената обврска ја даде минтата седмица, да не ја ублажува фискалната дисциплина за да ги задоволни деловните либиоја кои бараат даночни олеснувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.