Честитка на Џафери за Голема Богородица: Да ги негуваме позитивните вредности на верските празници

17

Претседателот на Парламентот Талат Џафери упати честитки за добро здравје, душевен спокој и радост во домовите и мир до православните христијани кои денеска го празнуваат празникот Успение на Пресвета Богородица.

„Драги граѓани верници на православното христијанство, Ми претставува задоволство да Ви го честитам големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Би сакал да Ви испратам искрени честитки за добро здравје пред сѐ, за душевен спокој и радости во домовите и мир меѓу вас и вашите блиски. Во изминатите месеци, соочени сме со сите предизвици кои ги носи пандемијата на вирус кои можат да имаат фатални последици и затоа, сите ние мораме да посегнеме кон поголема внатрешна сила и издржливост за да го прифатиме и живееме новото нормално. Верата овозможува полесно да се пребродат тешките моменти, учејќи на сила и личен раст. Да ги негуваме сите позитивни вредности на кои не учат сите вери и верските празници како овој празник, кој ја носи пораката на човечноста и разбирањето“, порача Џафери.

На сите православни христијани, граѓани на Република Македонија, Џафери им посака убав празничен ден поминат во чествување на празникот Голема Богородица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.