Честитка од Груевски по повод Меѓународниот ден на Ромите

сорос

– Дозволете ми, во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. Република Македонија исклучително го цени придонесот на ромската заедница во културниот, политичкиот и економскиот живот во државата. Република Македонија била и останува една од земјите која силно ја поддржува ромската заедница, нејзината културна и јазична засебност, но и нивната политичка и општествена вклученост во градењето на подобра иднина за сите, се вели во честитката од Груевски.

Подобрувањето на економскиот стандард на граѓаните, се додава, вклучително и на припадниците на ромската заедница, ќе остане врвен приоритет и во иднина за ВМРО-ДПМНЕ. Токму на тој начин ќе овозможиме унапредување на општествениот статус на Ромите во Македонија кои се нераскинлив дел од нејзиното минато, сегашност и иднина.

– Приоритет на кој со заеднички сили и напори посветено работевме изминатите години и на кој заеднички ќе продолжиме да работиме и во следниот период. Бидејќи сите ние сме Македонија. Бидејќи Македонија е наша заедничка држава, земјата на нашите предци и земјата на нашите деца и внуци. Македонија е нашиот заеднички дом, на сите Македонци, Роми, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци. Ние секогаш сме се гордееле на нашето мултиетничко и мултикултурно општество кое заедно сме го граделе. Оттука наша обврска е ова општество и овој модел на заеднички живот да го одбраниме и одржиме за идните поколенија. Заедно сите ќе се спротивставиме на секоја намера некој да посегне по унитарниот и мултиетнички карактер на државата, затоа што тоа ја загрозува и иднината на нашата Македонија, како држава на сите граѓани без разлика на етникум или вераОд мое име и од име на ВМРО-ДПМНЕ. Ви посакувам добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства, се нагласува во честитката од Груевски по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.