Честитка од министерот Јолевски по повод Велигден

– Големиот празник, Воскресение Христово – Велигден, ги истакнува највозвишените човекови вредности, љубов, мир, меѓусебното почитување, разбирање и помагање. Наша должност е да ги негуваме овие вредности. Христос нè учи љубовта да нè води во нашиот живот. Љубовта кон Бога, кон нашата татковина, кон нашите блиски, соседи и правењето добри дела носат благодет, просперитет и спокојство во нашите души. Да си правиме добро еден на друг, да си помагаме и да се почитуваме, се наведува во честитката од Јолевски.

И овогодишните велигденски празници, како што вели министерот Јолевски, да ги прославиме во духот на Христовото учење, со љубов, слога и заедништво, правејќи го најдоброто за нас и за нашите поколенија, како вистински христијани и горди Македонци. – Гордост е да потекнуваш од Библиска земја како Македонија и сигурен сум дека со божјата воља и љубов ние ќе одиме напред, кон просперитет, кон подобар живот, кон посилна Македонија. Нека Вашите домови бидат исполнети со љубов, радост, бериќет и спокој, пишува Јолевски во честитката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.