Честитка од министерот Мисајловски по повод Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитка по повод 8 септември – Денот на независноста.

„Денеска го славиме Денот на македонската независност, ги славиме единството, силата и издржливоста кои не дефинираат како народ и како држава.

Со должна почит им се поклонуваме на сите кои се жртвуваа за нашата слобода и независност, за нашиот суверенитет и територијален интегритет.

Сплотени со јасна визија и решителност остануваме посветени на нашите вредности и заложбите за мир, економски напредок и европски просперитет на нашата држава.

Нека ни е честит Денот на независноста, 8ми септември„ се наведува во честитиката.

Нека ни е вечна и вековита Македонија!