Честитка од претседателот Иванов до ЖРК Вардар

142

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов му го честита пласманот на Вардар во финалето на Лигата на шампионите за ракометарки.

„Сакам да ви го честитам успехот и да ви посакам и во финалето да се изборите за уште една победа и да го остварите вашиот сон со нашата гордост Вардар. Цела Македонија е со вас, играјте како и секогаш со срцето. Пренесете ги честитките на девојките од целата екипа и стручниот штаб“, се вели во честитката упатена до ракометниот клуб Вардар.

Вардар денес со почеток од 17:45 часот во Будимпешта против Ѓер ќе го игра натпреварот за европскиот трофеј во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ вчера во полуфиналето на убедлив начин го совладаа европскиот првак ЧСМ Букурешт со 38:33.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.