Честитка од претседателот Пендаровски по повод Успение на Пресвета Богородица

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

-Почитувани сограѓани од православна вероисповед, нека ни е честит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.  Посакувам, празникот да го минеме пред се во добро здравје, исполнети со љубов, радост и среќа, наведува Пендаровски.

Претседателот воедно изразува жалење што, како и минатата година, празникот и овој пат ќе мораме да чествуваме во изменети околности, почитувајќи ги сите правила и препораки за заштита од КОВИД.

-Соочувајќи се со пикот на четвртиот бран да бидеме одговорни и дисциплинирани. Да им даруваме љубов на ближните, имајќи особена почит за родителите, а разбирање и прифаќање за децата. Да не дозволиме ништо да ја разниша нашата вера и оптимизам и да ги сочуваме своите вредности и верувања без разлика на тешкотиите со кои се соочуваме. Сплотени да продолжиме да делиме милост и разбирање, отворајќи ги срцата за сите. Нека ни е честит празникот и за многу години, пишува претседателот Пендаровски во честитката по повод Успение на Пресвета Богородица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.