Честитка од Талат Џафери за Божиќ

Празничното обединување на семејствата, споделувањето на убавите зборови и благородните мисли, солидаризирањето со помалку среќните, било да се тие блиски или далечни, познати или непознати, нека ве исполнат со волшебниот мир и спокој што ги даваат празниците, напиша во честитка по повод Божиќ претседателот на Собранието Талат Џафери во лично име и од името на пратениците.

Ширењето на позитивните мисли на надеж, верба, меѓусебна почит и разбирање, хуманост, пожртвуваност и сплотеност, вели Џафери, се должност на секој од нас.

-Оваа година беше посебно тешка и тажна година за нашата земја, за нашите граѓани и јас се надевам дека никогаш повеќе нема да бидеме ставени пред такви предизвици како земја, како граѓани и како човечки суштества и упатувам апел до сите Вас почитувани, да бидеме уште поодговорни кон себе, кон сите околу нас и кон државата, заедно и сплотено да ја надминеме и пандемиската криза и сите други предизвици кои ни се испречуваат на патот. Упатувам искрени желби за добро здравје и оздравување на сите што беа засегнати од вирусот КОВИД-19, желби за семеен и душевен мир, благосостојба, личен и колективен напредок на секое поле од општественото живеење. Среќен празник!, напиша Џафери во честитката до православните верници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.