Честојнова: Оваа власт со лажни и конструирани дела одзема имунитет на пратеници

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Павлинче Честојнова на денешната комисиска седница за мандатно-имунитетни прашања жестоко ја нападна власта.

-Веќе осми пат како власта на Република Македонија бара одземање на имунитет на пратеник од редовите на опозицијата. Оваа власт со лажни и конструирани дела одзема имунитет на пратеници, констатираше Честојнова.

Таа се пожали дека да се биде пратеник во опозиција е огромна закана и ако ја критикуваш оваа влада предводена од СДСМ може да си следен на листа за отстрел можеби си следен на оваа комисија за одземање на имунитетот.

Трајко Вељановски вчера од оваа сала ви се обрати и од правен аспект детално ги образложи фактите кои секако треба да бидат земени во предвид и законот треба да важи за сите подеднакво, а не да постои селективна правда, потенцираше Честојнова и додаде дека имунитет на пратеник се одзема од три причини да не ја напушти државата, да не влијае врз сведоци и да не го повтори делото.

Само за да ве потсетам колегата Трајко Вељановски се терети за нешто од пред две години и доколку навистина бил виновен за било што доколку навистина направил како што велите некаков вид на тероризам во овие две години тој можел да ја напушти државата, но Трајко Вељановски и вчера и денес и изминатите денови е овде во Собранието на Република Македонија.

Многу е чудно што обвинителството ја сменило одлуката затоа што сите овие четири наоди од читаните смс пораки на истото тоа обвинителство и сите надлежни за овој случај ги имале на располагање во ноември 2017 година за во јануари 2018 година истото обвинителство да одлучи дека врз основа на тие смс пораки нема основа за поведување на обвинение, за сега повторно врз основа на истите тие пораки кои што им биле на располагање повеќе од една година утврдиле дека имало основа за покренување на обвинение и тоа за тероризам. Повеќе од очигледно е дека во изминатата година некој од политички побуди влијаел на тоа обвинителство за да го смени својот став. Сите материјали кои ги оцениле дека нема основ за обвинение за тероризам денес да бидат окарактеризирани како обвинение од највисок вид, обвинение за тероризам, констатира Честојнова.

Пратеничаката на ВМРО-ДПМНЕ запраша зошто воопшто пратениците имаат имунитет ако на секое барање на судот без никакви докази се одговара со одземање на имунитет или како што вчера колега запрашал дали пратениците се нотаријат и само ставаат печат и проследуваат понатаму.

Одземањето на имунитет нема никаква врска со водењето на овој судски процес туку тоа ќе биде негово предвремено осудување. Вие глумите инквизиција како да сме во среден век. Свесни сте дека на граѓаните им е преку глава од самоволието на Зоран Заев и од неработењето и свесни сте дека паѓате, дека губите и подмукло одите со внесување на страв, дополни пратеничката Честојнова.