Четири деца загинаа на велосипед во Холандија

Четири деца загинаа а најмалку една жена е повредена кога воз удрил во ткн товарен велосипед во Холандија, пренесува електронското издание на дневниот весник De Telegraaf.

Товарните велосипеди, кај кои возачот е од зади, се популарни во Холандија каде што родителите ги користат за превоз на своите деца. Весникот пишува дека несреќата се случила во 8,30 часот утрото во источниот град Осс во близина на германската граница и оти најверојатно станува збор за деца од предучилшна возраст. Полицијата во соопштение потврдува дека се случила „многу тешка несреќа“ со „тешко поврдени и со веројатно повеќе жртви“.

Холандија, земја којашто е позната по масовното користење велосипеди, минатата година првпат забележа поголем број на сообраќајни несреќи во кои се инволвирани велосипеди отколку со автомобили, пренесува порталот Nltimes.nl повикувајќи се на податоците од холандската државна агенција за статистика. Во 2017 година загинале повеќе од 206 велосипедисти, според истиот извор.