Четири деца загинаа во пожар во Лондон

Четири деца, за кои се верува дека се во сродство, загинаа во пожар што синоќа избувна во јужен Лондон, соопштија локалните власти.

Околу 60 пожарникари интервенирале да го изгаснат пожарот кој зафатил куќа во станбената зона.

Британскиот комесар за пожари, Енди Ро, рече дека инцидентот „ги оставил сите скаменети од тага”.

„Моите мисли се со семејството и пријателите на децата, целата локална заедница и сите оние кои се погодени од овој пожар”, рече Ро.

Причината за пожарот се утврдува.