14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Четири дечиња од градинки во Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров заболени со ковид-19

Кај четири деца до пет годишна возраст кои одат во градинка потврден е корона вирус. Извор на заразата е семејството кај сите четири деца.

Тестот е направен викендов и веднаш биле информирани градинките во населбите Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош. 16 деца и четири учителки од сите три градинки заминале во самоизолација, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје. Според епидемиолозите на ниво на Скопје од како се отворија градинките од деветти септември до денеска нема ниту еден случај каде дете на дете пренело вирус или пак на негователка.

Епидемиолозите објаснуваат дека граѓаните мора да разберат дека со непочитувањето на мерките и масовните групни собирања ја пролонгираат состојбата со Ковид 19. Она што е важно за професорот Даниловски е проветрувањето во училниците и почитување на мерките носење маски и држење дистанца.

Од центарот за јавно здравје Битола денеска потврдија дека вработена во градинката „Коца Василева“ е позитивна на Ковид 19 и превентивно 13 деца беа пуштени во домашна изолација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.