Четири години локална власт на СДСМ во Кратово, четири години без основни услови за живот и ниту еден реализиран проект, жителите разочарани и бесни

Четири години СДСМ на власт, четири години безредие, хаос и незадоволство кај граѓаните. Сега кога сме на прагот пред локалните избори кои што ќе се оддржат на 17 Октомври 2021 година, градоначалниците од редовите на владејачката партија сега раскопуваат, средуваат, градат.. Каде беа сите овие 4 години кога граѓаните молеа за решавање на барем основни проблеми со кои што се соочуваат во 21 век.

Таков случај е и во Кратово, каде што актуелен градоначалник е д-р Љупчо Бојаџиев. Повеќе од јасно е дека таму особено не е сработено ништо од тоа што е ветено, и за да биде уште потрагично, жителите на оваа општина се уште се соочуваат со недостиг на вода и без редовно одржување на хигиената во градот! Имено сега типично за оваа власт, пред самите избори во Кратово, претседателот на општинската организација на СДСМ во Кратово, Горан Ковац на својот Фејсбук профил напиша:

„Ние нема да дозволиме повторно да ни се случи несигурност, изолација, немање вода, ѓубре расфрлано по улиците, криминал.“

На ова остро реагираат самите жители кои до нашата редакција се обратија и сакаат да останат анонимни.

„Граѓаните на Кратово нема да им простат зошто ги лажеа и ветуваа се и сешто и после четири години резулати нема. Буквално се што ветија стана ветер и магла. Сега повторно истите лаги, истите празни зборови со замајување и залажување на народот. Повторно пеат иста песна со нов глас и лаги до небото. Никаква способност немаат, без идеја за нешто добро за градот. Еве ние како жители бараме јавно да кажат еден проект кој го имаат реализирано за овие четири години откако се на локална власт“, вели жителка на Кратово.

„СДС во Кратово се на власт четири години. Дали по цели четири години,пред локални избори им текна дека Кратово го направија депонија? Без редовно снабдување со вода? Без редовно одржување на хигиената во градот?Без никаква иднина за младите“, вели друг жител на општината.