Четири години по „дојде животот“ на Заев, четвртина од населението живее под прагот на сирмаштијата

Македонските граѓани никако да го почувствуваат „животот за сите“ кој Зоран Заев како опозиционер го ветуваше уште за време на изборната кампања во 2016 година. Наспроти живот за сите, македонските граѓани добија длабока сиромаштија, беспарица, зголемени трошоци за живот, повисоки цени, изгубени работни места.

Како резултат на сево ова, една четвртина од македонското население минатата година живеело под прагот на сиромаштија.

Најновите статистички податоци покажуваат дека стапката на сиромашни граѓани во земјава во 2019 година изнесувала 21,6 проценти. Според овие податоци 448 илјади лица живеат под прагот на сиромаштија, што преставува скоро четвртина од населението кои живеат во тешки услови.

Стапката на сиромаштија, според типот на домаќинство, е највисока кај домаќинствата на двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца каде што 45,3%, односно половината од овој тип на семејства се сиромашни.

Стапката на сиромаштија во најбројните, четиричлени домаќинства каде живеат двајца возрасни и две деца изнесува 19,3 проценти, односно секое четврто семејство во оваа категорија е сиромашно.

Светска банка предвидува дека стапката на сиромаштија уште повеќе ќе се зголемува. Таа очекува дека над 55 илјади нови луѓе во Македонија можат да западнат во сиромаштија. Според нивните прогнози ќе се зголеми и бројот на сиромашни вработени за два до три пати.

„Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 проценти во 2019 до околу 20-23 проценти во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на Северна Македонија (во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали) би западнале во сиромаштија“, стои во извештајот на Светска банка.

Имајќи предвид дека македонската економија во првиот квартал имаше минимален раст од 0,9 отсто од БДП, а во вториот и третиот забележа негатива од 14,9 и 3,3 отсто, а очекувањата се дека и последниот четврти квартал нема да биде ништо поразличен од овој, тогаш повеќе од очигледно е дека сиромаштијата во Македонија уште повеќе ќе расте, а животот за сите, кој што Зоран Заев го ветуваше, не и ни на повидок.

Од земјите во регионот, Македонија е во нaјлоша состојба и се наоѓа веднаш зад Албанија. Зголемувањето на бројот на невработени во Македонија е за 11 проценти.

Имено, во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија, а нови 16 илјади деца ќе паднат под прагот на сиромаштијата бидејќи нивните родители ги загубиле можностите за приход, односно изгубиле работа поради економската криза која ја зафати државата.