Четири години Темелковски нема мрднато со прст за Кисела Вода, имаме делови кои немаат канализација, вели Георгиевски

Четири години Филип Темелковски нема мрднато со прст за Кисела Вода, четири години немаме ниту еден капитален проект. Во очи на предизборието се фалат со еден и единствен проект кој Шилегов во четири години не успеа ни да го доврши за нашата општина. Во 21 век имаме делови на Кисела Вода кои се уште немаат канализација и вода за пиење, како да се работи за некое село во 19 век, а не за урбана општина, дел од градот Скопје, се вели во Фејсбук статусот на Орце Ѓорѓиевски.

Тој пишува дека Темелковски се што направи се две улици кои ги премачка со асфалт, чија дебелина не е ниту 3 цм.

– Дури и тоа што сакал да го направи го прави неквалитетно и фушерски, па гледаме како се распаѓаат асфалтот и ивичњаците. А како би работел нешто Темелковски, кога е насочен на насилна бетонизација на населбата Расадник? Кисела Вода е претворена во алатка за профит на мала група фотељаши, а не општина која служи како сервис на потребите и барањата на граѓаните. Затоа се потребни итни и неопходни промени, посочува Ѓорѓиевски во својата Фејсбук објава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.