Четири години затвор за турски рапер поради спомнување дроги

Истанбулски суд во вторникот го осуди раперот Мурда на повеќе од четири години затвор поради „поттикнување на дрогирање“ во своите песни, потврди неговиот адвокат.

Овој 38-годишен музичар кој е холандски државјанини и кој моментално престојува во оваа западна земја, ги отфрла обвиненијата против него, изјави адвокатот Умит Гуркал Егемен, додавајќи дека ќе се жали на „неправедната“ пресуда којашто во моментов не е конечна.

Вистинското име на музичарот е Мехмет Ондер Доган, а песните кои главно ги изведува на турски јазик, се популарни во Турција.

Егемен додаде дека Мурда „делувал во рамките на слободата на изразувањерот“. Пресудата се темели на три песни. Едната од нив, „Eh Baba“, на YouTube има повеќе од 116 милиони прегледи.

„Смотав џоинт. Човеку, ме удри“, гласи еден сомнителните стихови.

Германската агенција DPA забележува дека раперите, од кои некои се критични кон владата и претседателот Реџеп Тајип Ердоган, изминатите години за на удар на турските правосудни власти.