Четири голови на Левандовски за триумфот на Баерн над Херта

Фудбалерите на минхенски Баерн на својата „Алијанц Арена“ ја совладаа берлинска Херта со 4:3 а сите четири голови за европските шампиони ги постигна најдобриот фудбалер минатага сезона во Лигата на шампионите, Полјакот Роберт Левандовски.

Првиот од своите четири погодоци Левандовски го постигна во 40 минута, а во 51 минута Полјакот ја удвои предноста на Баерн. Меѓутоа, тоа не ги обесхрабри играчите на Херта кои изрманија во следните 20 минути. Во 60 минута намали Џон Кордоба, а израмни Матеус Куња во 71 минута.

Во 85 минута тандемот Милер – Левандовски повторно донесе предност за Баерн, но по само три минути подоцна 20 годишниот напаѓач на Херта, Џесик Нганкам израмни на 3:3. Победата на Баварците кои минатата сезона освоија сѐ што можеше да се освои, во втората минута од судиското продолжени им ја донесе пеналот кој го реализираше Левандовски, кој претходно беше повлечен за дресот од Мотелштад при скокот на врвот од петерецот на Херта.

Во првиот неделен натпревар Волфсбург и Аугсбург одиргаа без голови, што е веќе третото реми за Волфсбург на почетокот на првенството со само еден постигнат погодок, додека Аугсбург со овој бод се искачи на второто место. Домашните беа поблиску до победата, но не успеа. Во 26 минута Јосип Бракло постигна гол од работ на шеснаесетникот, но судијата Феликс Звајер по асистенцијата на ВАР-от го поништи поради офсајд позиција на Вут Вегорст кој ја започна акцијата.

На табелата водат РБ Лајпциг, Аугсбург и Ајнтрахт Франкфурт со по седум погодоци, додека Баерн е четвртио со шест. Херта е 13-та со три бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.