Четири лица настрадаа во силниот земјотрес во Франција

Тројца жители на департманот Ардеп и еден жител на департманот Дром настрадале во земјотресот со магнитуда од 5,4 по Рихтер кој во понеделникто напладне ги погоди јужните региони на Франција, соопштија префектурите на споменатите департмани на Twitter.

„Земјотрес во регионот Монтелимар – Валенс в Ардеш. Три лица се полесно повредени. Ги молиме жителиет на Ле-Теј да останат на улиците и да не влегуваат во нивните домови“, се истакнува во соопштението.

Во извештајот на телевизијата BMFTV се наведува дека сите тројца настрадале при паничните реакции по двата потреса.

Префектот на департманот Франсуа Сулиоман веќе дошла во оваа општина. Според неа, засега властите не вовеле вонредна состојба. Според градоначалникот на општона Ле-Теј за радиото France Bleu, оштетени се 200 домови, а пукнатини се појавила на басамаците на градското собрание. Оштетени се и конструкциите на колонадите во две цркви, а се објавении и снимки од испукани подово во домовите.

„Сѐ уште не е рефистрирана ниту пријавена голема штета. Моменталната состојна не бара посебни мерки на претпазливост, со исклучок на одредени решенија на локалните власти“, се наведува во соопштението на префектурата на департманот Дром.

Истовремено BMFTV пренесе дека најмалку едно лице е повредено при пад од скеле во Монтелимар. Властите апелираат сите жители кои чувстуваат слабост или биле повредени да побараат медицинска помош, и претпоставуваат дека бројот на настраданите во текот на денот ќе се зголеми.

Централното сеоизмолошко биро на Франција соопшти дека „силен потрес“ со магнитуда од 5,4 го погодил регионот на градот Монтелимар, и предупреди на можни подземни удари во следните часови. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресите биле почувствувани од жителите на Монпелје, Лион, Сент-Етјен, Грнобл, Авињон и Марсеј.