Четири лица повредени во напад со нож во германското гратче Ханау

Група мажи синоќа повредија со нож четворица минувачи во германскиот град Ханау, по што побегале. Првичните извештаи покажуваат дека пет или шест мажи нападнале минувачи во центарот на гратчето, кое се наоѓа во близина на Франкфурт на Мајна.

Четворицата повредени мажи, на возраст меѓу 17 и 26 години, се пренесени в болница, но не се наоѓаат во животна опасност, соопшти полицијата.

Безбедносните сили со хеликоптери ги бараат осомничените, а обвинителот на Ханау започна истрага.

Ханау е гратче во сојузната држава Хесен, каде во февруари 43-годишниот Тобиас Р. уби девет странски државјани, а потоа и својата мајка и себе си.