Четири лица повредени во тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар

Четири лица се повредени, од кои една девојка потешко во сообраќајна несреќа која вчера околу 14 чсот се случила на магистралниот пат Кичево-Гостивар.

Во несреќата, информира МВР, учествувале товарно возило „мерцедес“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(55) од Кичево и автомобил „опел астра“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од В.М.(23) од Кичево.

-Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Битола, се здобила А.М.(19) од Кичево, сопатник во патничкото возило.  Со телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево, се здобиле возачот на возилото „опел астра“, 17 – годишен сопатник и И.А.(22), сите од Кичево, информира МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево.