Четири лица приведени на протестот пред Собранието

141

По завршувањето на седницата за уставни промени, од страна на полицијата беа приведени четворица учесници на протестите против уставните измени кои, неофицијално, се обиделе да ја прескокнат оградата и да се упатат кон Собранието, пренесе Макфакс.

По завршувањето на протестот се обрати Драган Угриновски, еден од организаторите, кој рече дека ова за нив е успешен ден бидејќи не им дозволиле на пратениците да ги изгласаат уставните промени.

-Ова е успешен ден за Македонија, не им дозволивме да го изгласаат она што сакаа да изгласаат. И бидејќи не успеаја во намерата, сакаа да не испровоцираат со полицијата, рече Угриновски.

Од „Македонија-блокира“ најавија нови протести против уставните промени за утре, кои ќе започнат во 12 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.