
На 25.01.2023 во 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и станбена улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Б.С.(36) од с.Матка, скопско и патничко возило „мерцедес“, управувано од Б.Д.(40) од с.Горно Свиларе, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници од возилото „мерцедес“, М.Д.(73) и малолетник од с.Горно Свиларе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.