Четири милиони Либанци во опасност да останат без вода за пиење

Повеќе од четири милиони луѓе во Либан следните денови би можеле да се соочат со критичен недостиг од вода за пиење, предупреди агенцијата на Обединетите нации.

Либан ја прежувава својата најдлабока економска криза по 15-годишната граѓанска војна којашто заврши во 1990 година поради големиот недостиг од горива.ж

УНИЦЕФ во саботата сопопшти дека објектите кои се од круцијална важност, како билниците и здравствените домовои, поради недостиг од електрична енергија немаат простпа до безбедна вода, што доведува во опасност многу човечки животи.

„Доколку не бидат преземени итни мерки, повеќе од четири милиони луѓе ширум Либанм, претежно загрозени семејства со деца, соочени се со критичен недостиг од вода или целосно исклучување од снабдувањето со безбедна вода“, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

„Ако четири милиони луѓе бидат принудени да се свртат кон небезбедните и скапи извори на вода, јавното здравје и хигиената ќе бидат загрозени, а Либан би можел да доживее раст на болестите кои се пренесуваат преку водата, со зголемување на бројот на новозаразените со Covid-19“, додаде Форе.

Во јули УНИЦЕФ извести дека повеќе од 70 отсто од жителите на Линам летово би можеле да останат без снабдување со вода.

„Од тогаш продолжува оваа опасна ситуација, со голем притисок врз важните услуги, како водата и канализацијата, електроенергетските мрежи и здравствената заштита“, предупреди Форе.

Недостигот горива за производство на електричната енергија доведе и до долги редици пред бензинските црпки во Либан.