Четири милиони вработени во Франција се прогласени за привремено невработени

Секој петти вработен во Франција во претпријатие или здруженија во приватниот сектор сега се наоѓа на режимот на делумна невработеност, јави дописникот на МИА.

Четири милиони вработени во Франција во моментов се дел од адаптираната шема за делумна невработеност што ја постави владата како одговор на кризата што произлегува од епидемијата на новиот коронавирус, соопшти министерот за труд Муриел Пенико во интервју за Франсинфо.

Оваа бројка секојдневно се зголемува. Еден ден претходно, Муриел Пенику на крајот на Советот на министрите посочи дека 337.000 претпријатија или 3,6 милиони вработени поднеле барање за делумна невработеност.

Шемата на делумната невработеност предвидува дека работодавачот им плаќа на своите вработени надомест што одговара на 70 отсто од нивниот бруто-плата, па дури и 100 отсто за вработените со минимална плата или помалку. Државата потоа ќе ги надомести деловните субјекти во целост за плати до 6.927 евра бруто месечно, односно 4,5 пати повеќе од минималната плата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.