Четири нови смртни случаи од грип во БиХ , вкупно починале 22 лица

Од последици на сезонски грип во Република Српска починале уште четири лица , така што на територијата на БиХ вкупниот број на починати достигна до 22 лица.

Станува збор за лица на постара возраст со бројни дополнителни заболувања , а биле позитивни на вирус на инфлуенца, се наведува во соопштението на Институтот за јавно здравје.

Се наведува дека четирите лица биле на лекување во болницата во Бања Лука. Од вкупниот број починати од грип , 20 случаи се во Република Српска , а другите двајца на теротиријата на останатиот дел од БиХ.

Поради превентивни мерки , во болниците е забранета посета на пациенти.