Четири пациенти го одбиле срцето од донорот

383

Срцето од 46-годишниот донор остана неискористено. Иако семејството дало согласнот, покрај бубрезите да биде експлантиран и овој витален орган, сепак, дури четворица пациенти кои се на листата за трансплантација за срце го одбиле органот.

Како што дознава „Сител“, дел од нив наводно имале страв од самиот процес, а еден од пациентите не сакал трансплантацијата да биде направена на Државната кардиохирургија.

„За жал, не успеавме да го трансплантираме и срцето иако имаше соодветни приматели на листата на чекање. Тие едноставно не беа психички спремни за ваква сложена интервенција“, рече Националниот координатор за трансплантација, д-р Маја Мојсова за СДК.

По првата трансплантација на срце кое го доби 54-годишниот Иван од Скопје на Државната кардиохирургија, лекарите од скопските клиники испишаа историја и упатија апел за подигнување на свеста кај граѓаните за донирање на органи. Но, има и вакви случаи кога пациенти и покрај тоа што се на листа одбиваат.

Бубрезите, пак, од починатиот донор ќе спасат двајца пациенти кои одат на дијализа. Во тек е трансплатација на бубрег кај 35-годишна пациентка а втората операција ќе биде веднаш потоа.

Фото: Пиксабеј

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.