Четири партии најавија тужби до Управниот суд поради одлуките на ДИК

Четри политички партии односно коалиции најавуваат тужби до Управниот суд, заради одбивањето на нивните приговори за нерегуларности на изборите од страна на Државната изборна коалиција

Први кое објавија дека ќе тужат се Левица. Фронтменот на паријата за Алфа вели се уште не ги поднеле тужбите, оти не им стигнало решението дека и официјално се одбиени , што го добијат ќе реагираат. Тој вчера се огласи и на социјалните мрежи.

Тужби ќе поднесат и од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, од каде наведуваат дека не се задоволни од одлуката на ДИК. Тужба ќе поднесе и партијата Интеграмм, чиишто два приговора вчера беа одбиени. Нејзиниот лидер изјави дека покрај тужбите размислуваат и за кривична пријава.

Реагираа и од коалицијата „Никогаш северна само Македонија“. Тие денеска поднесоа кривична пријава поради како што велат постоење на основано сомневање за повреда и злоупотреба на избирачкото право; повреда на слободата на определувањето на избирачите и извршена измама.

„Со наведувањето на името на само една политичка партија, наместо на целата коалиција, избирачите свесно се доведени во заблуда да не гласаат за оваа коалиција која ја сочинуваат неколку субјекти (партијата Единствена Македонија и здруженијата на граѓани ФРОДЕМ, Тврдокорни и Ветерни на ВМРО 1990) со што е извршена повреда и злоупотреба на избирачкото право на избирачите; повреда на слободата на определувањето на избирачите како и измама на избирачите. сé со цел да не гласат за реален учесник на изборите“ , велат од Коалиција Никогаш северна само Македонија.

Политичките партии имаат рок од 24 часа откако ќе го примат решението да реагираат до Управниот суд, кој пак во рок од 60 часа треба да донесе одлука.

Доколку ниедна тужба не биде усвоена пратеничките мандати кои ги освоија партиите ќе бидат и официјални.

Вчера ДИК ги отфрли сите приговори кои пристигнаа до нив, односно 2.142 за кои членовите на комисијата кажаа дека се неосновани, без докази или без потпис и печат на овластено лице.