Четири пожари се активни – ЦУК известува за состојбите во охридско, кичевско, струмичко, кумановско

Пожар во охридско меѓу селата Вапила и Расино е уште активен, пожар се јавил на патот од Куманово накај Скопје кај селото Никуштак, во Струмица гори депонијата во с.Доброшинци, а во кичевско Другово запалена е плевна.

Ова се информациите за последната состојбата со пожарите во Македонија согласно 21 часот и 30 минути, кои ги објави Центарот за управување со кризи ЦУК. Меѓу другото, пожарот во дојранското село Фурка е локализиран, но ќе се догасува рано наутро.

Струмица 

Пожарот кај с.Фурка нема активно горење, пожарот е локализиран во 19.00ч. Останати се екипи на ДЗС, другите се повлечени, а според раноутрински информации и план ќе се догасува.

Охрид

Шумскиот  пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино е сѐ уште активен.

Гори деградирана шума. Екипите се повлечени од терен.

Куманово (првични податоци)

По дојава, за пожар во местото од Куманово на кај Скопје по стар пат, конкретно кај с.Никуштак. Известени се:  ТППЕ Куманово, лицето за контакт со Општина Липково,  и командирот на Полициска станица Матејче. Подетални информации ќе имаме по пристигнување на екипите на терен.

Кичево  (првични податоци)

Од добиените податоци од дежурниот во ТППЕ Кичево во с. Другово, Кичевско, е запалена плевна, а е непотврдено дека е зафатена и една куќа. Од 20.45 часот ТППЕ Кичево со 2 пп возила и 8 пожарникари е на интервенција на пожарот.

Струмица

Пожар кај с.Доброшинци, гори депонијата. Известена е ТППЕ Струмица за да преземат понатамошни мерки за гаснење на пожарот.