Четири ракети погодија база крај аеродромот во Багдад, најмалку шестммина повредени

12

Четири ракети погодија денеска воена база во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, пришто се повредени „шестмина борци“, се вели во соопштението на ирачката војска.

Безбедносните сили откриле ракетен фрлач и неколку ракети при претрес во областа, се вели во соопштението.

Засега никој не презеде одговорност за ракетирањето, и тоа е последен во низата напади од минатата недела.

Во четвртокот две ракети ја погодија авионската база Балад, но немаше жртви и штета од нападот. Во базата Балад се сместени американските сили и се наоѓа на околу 80 километри северно од Багдад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.