Четири ремија од пет дуели во Ла Лига

Во 11-то коло од шпанското фудбалско првенство во неделата од петте натпревари само еден заврши со победа, и тоа на домашната екипа кога Еибар го спречи Алавес да се искачи дури на втората позиција на табелата и тоа во последните моменти од натпреварот.

Алавес поведе уште во 4 минута преку Ману Гарсија, но во второто полувреме Еибар израмни во 60 минута, а Диоп ги закопа гостите со погодокот во првата минута од судиското продолжени. Алавес така остана четврти со 20 бодови, колку што имаат и втората Севилја и третиот Атлетико Мадрид, а на вровот е Барселона со 24 бодови. Еибар, пак, се искачи на 12-то место со 14 бодови.

Гол во послените моменти беше постигна и на дуеалот меѓу Хуеска и Хетафе, но со овој погодок на Хорхе Молина во судиското продолжение гостите дојдоа до бод, откако домашнмите поведоа во 50 минута преку Ксавиер Етчеита. Бодот не и’ помогна на Хуеска да избегне од дното но сега има шест бодови, три помалку од 18-от Леганес кој е на безбедна позиција. Хетафе е деветти со 16 бодови.

Во судиското продолжение гол беше постигна и на мечот меѓу Вилјареал и Леванте, а со него домашните спасија бод. Леванте поведе во 77 минута со автоголот на Фунес Мон, а за Вилјареал израмни Педраза во третата минута од продолжението. Вилјареал е 16-ти со 10 бодови, додека Леванте е на седмото место со 17 бодови.

Реал Сосиедад и Севилја одиграа без голови. Тимот од Сосиедат уште нема забележано домашна победа, но со трите триумфа на гостински терен е на 13-ти место со исто толку бодови, а Севилја се задржа на втората позиција

Најефикасен во неделната програма беше дуелот меши Бетис и Селта Виго на кој беа псотигнати шест голови, а екипите ги поделија бодовите, иако гостите на шест минути пред крајот направи целосен пресврт на резултатото. Бетис имаше водство од 2:0 со погодоците на Лорен Морон во 33 и Жуниор Фирпо во 57 минута, но Селта за само шест минути ја анулираше со головите на Гомез во 63 и Браис Мендез во 69 минута, а пресвртот го направи Гомез во 84 минута. Сепак, Бетис три минути подоцна преку Кањалес успеа да израмни. Бетис е 14-ти со 13 бодови, а Селта има бод повеќе но е три места погоре на табелата.