Четири шолјички кафе дневно го штитат срцето од оштетувања, покажува најновото германско истражување од кое резултатите се објавени во списанието PLOS Biology, според коешто ова количество дневно внесен кофеин го подобрува преминувањето на регулаторниот протеин во митохондриите зајакнувајќи ја нивната улога во заштитата на кардиоваскуларните клетки од оштетувања.
Консумирањето на кодеинот уште од порано е поврзано со помалиот ризик за многу болести, меѓу кои се дијабетесот од типот 2, срцевите болести и мозочниот удар, но не беше јасен механизмот кој се крие зад овој заштитувачки ефект. Новото истражување покажува дека кофеинот ја подобрува подвижноста на регулаторниот протеин кој се врзува на митохондриите.
Екипа од Медицинскиот факултет и истражувачкиот центар IUF Leibnitz во Диселдорф открил дека заштитниот ефект се постигнува со концентрацијата на кофеин којашто одговара на четири филџани кафе дневно.
Со истражувањето покажале дека протеинот p27, познат како инхибитор на клеточниот циклус, е присутен во митохондријата на главните видови клетки во срцето. Во овие клетки митохондрискиот p27 ги подобрувал миграциите на ендотелиските клетки, ги штител клетките на срцевиот мускул од клеточна смрт и придвижувал претворање фиробластот во клетките кои содржат контрактилни влакна, а сите се вклучени во процесот на закрепнување на срцевиот мускул по инфаркт на миокардот.
Утврдиле дека кофеинот го поттикнува преминувањето на p27 во мотохондриите покренувајќи позитивни верижни случувања откако ќе се постигне концентрацијата на кофеинот кој одговара на внесувањето со четири филџани кафе. Нашето истражување покажува дека кофеинот дејствува заштитно и обновувачки на срцевиот мускул со делувањето на митохондрискиот p27 протеин, вели авторката на студијата Џудит Хаенделер.