Четири типови луѓе кои пијат алкохол

Woman having glass of wine

Постои т.н. мотивационен модел на пиење алкохол, според кој пиеме за да постигнеме одредени емоции. Првично дизајниран за лекување зависност од алкохол, моделот сега може да се користи за да ги разбереме сопствените потреби.

Според овој модел, луѓето пијат со цел да ги зголемат позитивните чувства или да ги намалат негативните емоции. Се мотивираат од внатрешните, но и од надворешните причини: посакуваната емоционална состојба и социјалното прифаќање.
Според моделот, постојат 4 типови луѓе кои пијат алкохол, а разликата е во мотивот за пиење:
Во сите култури и земји, социјалните мотиви се најчестата причина зошто младите луѓе пијат алкохол. Припадниците на овој тип сакаат да се забавуваат со пријателите, а во тоа се вклопува идејата дека пиењето алкохол е претежно социјална активност.

Овој тип е поврзан со умерено пиење и социјалните типови ретко имаат проблем со алкохолот.
Конформистички тип
Ова се луѓе кои не пијат многу, но не сакаат да се чувствуваат изоставено. Ќе ги видите со чаша шампањ во рака за да наздрават, или со чаша вино за да не се чувствуваат отфрлено од другите.

Тоа е, исто така, еден вид притисок, но оваа група секогаш внимава колку пие и генерално не претерува. Тие само имаат потреба за припадност.
Експресивен тип
Покрај едноставната потреба да се вклопат, постојат луѓе со особено ризична комбинација на карактер и мотивација за пиење алкохол. Ова се најчесто мажи (но тоа не ги исклучува жените) и екстровертни лица.

Овие личности се посклони кон импулсивни одлуки и агресија и најчесто се работи за помлади луѓе, кои сакаат дополнително да ги искажат своите емоции, а алкохолот им помага во тоа.
Eмотивен тип
Слично на експресивниот тип, постојат луѓе кои главно пијат алкохол за да се справат со одредени проблеми и појави. Имаат ниска самодоверба, склони се кон невротизам и тешко се согласуваат со другите.

Алкохолот понекогаш им служи како бегство од депресијата и вознемиреноста. Овој тип е почест кај жените.

Зошто е важно да препознаете каков тип сте?

Постојат ветувачки истражувања кои тврдат дека кога знаеме што нè мотивира да пиеме алкохол, можеме поефикасно да го контролираме пиењето и да ги намалиме негативните ефекти од истото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.