Четири западни земји ја осудија Кина за „наметнување“ закон на Хонгконг

Велика Британија, САД, Австралија и Канада во заедничка изјава во четвртокот ја осудуваат Кина поради воведување нов закон за безбедност за кој сметаат дека ќе ги загрози слободите во Хонгконг и наводно ги нарушува одредбите од кинеско-британскиот договор од 1984 година со кој оваа поранешна британска колонија ѝ е доделен специјален автономен статус.

„Хонгконг се развиваше како бастион на демократијата“, наведуваат во изјавата Лондон, Вашингтон, Канбера и Отава, додавајќи дека се „длабоко загрижени поради одлуката на Пекинг на Хонгконг да му го наметне новиот закон за национална безбедност“.

Оваа изјава е објавена откако кинескиот парламент го одобри носењето на новиот закон за национална безбедност кој ја опфаќа и покраината на Хонгконг, а кој прозападно ориентираните активисти во градот и нивните поддржувачи на Западот го доживуваат како мерка која може да ги загрози демократските слободи, но и улогата на Хонгконг ккако еден од глобалните финансиски центри.

Според Пекинг, законот за националната безбедност, кој е посебно разработен за Хонгконг, ќе предвидува забрана за субверзивни и сепаратистички активности, сите форми на поттикнување насочени кон соборувањето на централната власт, како и тероризам и надворешно мешање во политиките на Хонгконг. Според медиумите, Пекинг дошол до заклучок дека законодавното собрание на Хонгконг не е во состојба да донесе документ за националната безбедност, имајќи ја предвид политичката клима во регионот, и затоа иницијативата е доставена на разгледување пред Секинеското собрание на народните претставници.

Британија, САД, Австралија и Канада објавија дека новиот закон „ќе ги намали слободите на луѓето кои живеат во Хонгконг, и последично драматично ќа ја ограничат автономијата на Хонгконг и неговиот систем кој го правеше толку простперитетен“. „Одлуката на Кина да го наметне новиот закон за нацинална безбедност директно ги крши меѓународните обврски кои произлегуваат од принципот на правно обврзувачката зедничка кинеско-британска декларација која ја потврдија и Обединетите нации“, неведуваате четирите земји.

Предупредуваат дека се „извонредно загрижени“ дека ваквите постапки ќе ги влошат веќе постојните општествени поделби во самиот Хонгконг.

Во изјавата се повикува Кина да „соработува со властите во Хонгконг и со неговото население за да се најде решение прифатливо за сите и коешто ќе се заснова на меѓународните обрски на Кина кои произлегуваат од кинеско-британската декларација од 1984 година“.

Поранешната колонија Хонгконг од 1842 година чиј суверенитет на 1-ви јули 1997 беше вратен на Кина според договорот кој во 1984 година го потпиша Велика Британија, го има статусот на Специјален административен регион на Народна Република Кина најмалку до 2047 година, според формулацијата „една земја, два система“. Според него, оваа територија може да задржи одредени слободи, како што е слободата на протест, на говорот и медиумите, и независен правосуден систем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.