Четириесет Американци на „Diamond Princess“ заразени со коронавирус

Лекарите потврдиле инфекција со новиот тип коронавирус кај 40 Американци на туристичкиот крстосувач „Diamond Princess“ вкотвен во Јапонија, објави во неделата во емисија на телевизиската мрежа CBS News директорот на Националниот институт за алергични и заразни блести, Ентони Фаучи.

Претходно американските медиуми пренесува дека службеници на Стејт департментот и другите агенции во Јапонија во неделата започнале со евакуација на американските државјани од крузерот „Diamond Princess“, на кој е регистрирана појавата на корнавирусот.

„Четириесет од нив се заразени. Тие нема да одат никаде. Ќе бидат испратени во болниците во Јапонија. Луѓето, кај кои се појавени симптомите, не може да се качат на авионот со кој се изведува евакуацијата. Друигите веднаш ќе бидат евакуирани во базите на военото воздухопловство на САД“, изјави Фаучи.

Истовремено телевизијата истакнува дека заразата со коронавирусот е потврдена кај повеќе од 40 Американци.

Вирологот Фаучи додаде дека патниците коишто ќе покажат симптоми на заболувањето во текот на летот ќе бидат одвоени од другите. Штом сите американски патници од бродот ќе бидат вратени во татковината, ќе останат во карантин следните две седмици.

Фаучи напомна и дека Светската здравствена организација (СЗО – WHO) сѐ уште ситуацијата со коронавирусот не ја прогласува за „глобална пандемија“, но тоа би можело да се случи „доколку справувањето (со коронавирусот) не биде поуспешно отколку сега“.

Бродот „Diamond Princess“ исплови од Јокохама на 20-ти јануари и се врати во истото пристаниште на 3-ти февруари. Јапонските здравствени власти го претворија бродот во карантин поради тоа што еден кинески државјанин кој се истоварил во Хонгконг бил позитивен на тестовите за присуство на коронавирусот. На бродот има 3.711 лица, од кои 2.666 патнции и 1.045 члениви на екипажот од кои тројца Македонци. Според последните податоци, на бродот 355 лица се заразиле со коронавирусот, меѓу кои е и еден македонски државјанин. Вкупно на бродот омало околу 400 американски државјани.